Аудио 11112217_10153344410168758_4073067235116899438_n

29 јуни, 2015

„Ти си моја улица“ е новата песна на Давид Темелков

Иако го напушти „Х фактор“ на само чекор до суперфиналето, сигурно е дека Давид Темелков нема лесно да се откаже од музиката! Младиот пејач неодамна ги израдува своите фанови ширум регионот објавувајќи ја својата нова песна насловена „Ти си моја улица“, чии автори се Григор Копров, Огнен Неделковски и Владимир Дојчиновски, а која засега можеме да ја слушнеме на српски јазик, додека македонската верзија ќе биде објавена деновиве.

Само за потсетување, Темелков дебитираше на македонската музичка сцена во 2013 година со темата „Молитва“, а како звучи неговиот нов хит можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑