29 јуни, 2015

„Ти само кажи“ е новиот хит на Ламбе

Модерниот електронски звук кој е актуелен низ целиот свет па и кај нас, Ламбе Алабаковски го искористи за повторно  да се појави во негов стил, со уште еден сингл и видеоспот за темата „Ти само кажи“. Видеото е комплетно реализирано од  продукцијата „Фабрика“, додека за самата музика и аранжман беа задолжени студио Јованови.

„Мојот тим од Елена Лука секогаш професионално застанува зад сите проекти во кои соработуваме, па така беше и овој пат. Секогаш насмеани, креативни, полни со идеи и што е најважно одговорни во остварувањето на заедничката замисла“, со овие зборови Ламбе упати благодарност до „ЕЛ тимот“, со кој веќе неколку години наназад соработуваат на различни проекти.

Претпознатливо за него се згодните девојки кои дополнително го разубавуваат самото видео,  па така и во овој видео запис се појавува една позната манекенка. Овој пат тоа е заводливата Ива Михајловска во прекрасните креации на Елена Лука.

Извор: Вистина



Врати се горе ↑