Видео

22 јули, 2019

„Ти не си ти“ е новиот сингл на „Ар-џи-би“

Кривопаланечкиот состав „Ар-џи-би“ (RBG) викендов го промовираше својот нов сингл и видео со наслов „Ти не си ти“. Промоцијата се одржа во петокот во кафулето „Селект“ во Крива Паланка. За снимањето, миксот и продукцијата на песната беше задолжен Милош Краљевски, а видеото е дело на режисерот Владимир Митревски – Ѓуле.

„Ти не си ти“ е прв нов материјал после албумот „Мамурни утра“ (2017), а како изгледа и звучи сето тоа, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑