20 јануари, 2015

„Ти-ел-си“ започнаа „Кикстартер“ кампања за финансирање на својот последен албум

Девојките од ар-ен-би составот „Ти-ел-си“ лансираа кампања на „Кикстартер“ со цел да соберат средства за снимање на својот петти и последен албум, на инсистирање на фановите. Паричниот придонес започнува од 5 долари, а сите кои сакаат да учествуваат во финансирањето ќе добијат различни подароци како што се облека од видео записот, час по вежбање со Чили, одење во кино, забава во пижами и слично. Подетално за кампањата можете да се информирате овде, а видео најавата Ве очекува горе.

Првите четири албуми на некогашното трио се продадени во преку 65 милиони примероци ширум светот, а јубилејот од 20 години во 2013 година го прославија со компилациското издание „20“ и синглот „Meant To Be“, на кој можете да се потсетите овде.



Врати се горе ↑