22 ноември, 2013

„Thunder“ е новиот сингл на Џеси Џеј

По успешните први два сингла „Wild“ и „It’s My Party“ од новиот албум „Alive“, британската пејачка Џеси Џеј деновиве го објави својот нов сингл, а темата насловена „Thunder“ доби и свое видео издание, чија режија ја потпишува Емил Нејва, кој со Џеси веќе соработувал за видеата за песните „Wild“, „Price Tag“ и „Do It Like a Dude“.

„Тоа беше последната песна напишана за овој албум“ – изјавила пејачката  во неодамнешно интервју за магазинот Digital Spy: „Буквално ја завршивме час и половина пред да заминам на аеродром за да се вратам дома од Њујорк.“

 



Врати се горе ↑