Аудио

6 јули, 2019

„This Is How We Do It“ е новиот сингл на Ден Талевски

Канадскиот пејач со македонско потекло, Ден Талевски продолжува да реди потенцијални хитови, а најнов во низата е штотуку објавениот „This Is How We Do It“, кој и со самиот наслов кажува дека рефренот го „позајмил“ од истоимениот хит на Монтел Џордан од 1995 година. Сепак, не станува збор за преработка, бидејќи стиховите се исти само во рефренот, а мелодијата е различна, додека продукцијата потпишана од Рајан Коварски звучи модерно и карактеристично за актуелниот звук на топ-листите.

Во речиси сите песни на Талевски може да се забележи токму тој стил, препознатлив за неговите канадски колеги Џастин Бибер и Шон Мендез, па се надеваме дека наскоро ќе го достигне и нивниот светски успех. Ден зад себе има повеќе синглови, меѓу кои „Guilty As Sin“, „My Religion“, „Rocket“, „Knock Me Off My Feet“, „Blacout“, „Papers“, „High Times“, „Home Alone“ и „If I Ain’t Got You“, кои можете да ги преслушате на неговиот канал на Јутјуб, а најновиот од нив ве очекува во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑