Аудио thirsty-single-cover-mariah-carey

22 мај, 2014

„Thirsty“ e новиот сингл на Мараја Кери

По неколкуте одложувања, Мараја Кери конечно ќе го претстави својот нов албум на 27 мај, а од изданието насловено „I Am Mariah… The Elusive Chanteuse“ деновиве пристигна уште еден официјален сингл. Станува збор за темата „Thirsty“, чиј продуцент е Хит-Бој, кој е еден од бројните соработници за нејзиното четиринаесетто студиско издание, а како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

 

 

За овој повратнички албум кој ќе го наследи „Memoirs Of An Imperfect Angel“ од 2009, односно „Merry Christmas II You“ од 2010 година, пејачка собра тим од соработници меѓу кои покрај Хит-Бој се најдоа и Родни Џеркинс, Мајк Вил Мејд Ит, Џермејн Дупри и други, а гостуваат колегите Мигел, Фебјулс, Нас и Вејл. На албумот ќе се најде и преработка на песната „One More Try“ која во 1988 година ја претстави Џорџ Мајкл, а свои верзии во текот на годините направија и Беверли Најт, Дивајн, Глорија Естефан и други.

 



Врати се горе ↑