Аудио enrique-iglesias

29 април, 2014

„There Goes My Baby“ е новиот сингл на Енрике Иглесијас

Како следен сингл актуелниот албум „Sex + Love“ на Енрике Иглесијас е претставена темата „There Goes My Baby“ во која гостува колегата Фло Рајда. Песната која доаѓа по сингловите „Heart Attack“ и „I’m A Freak“ е во реге стил, исто како и неодамна претставената соработка со Десемер Буено и Хенте де Зона, темата насловена „Bailando“ чија оригинална верзија е на шпански јазик, додека за англиската верзија им се придружи и Шон Пол. Токму со колегата од Јамајка, Енрике на есен ќе замине на заедничка турнеја, а каде и кога ќе настапат двете ѕвезди ќе биде соопштено подоцна. Иако со претходните синглови не постигна значаен успех на топ листите, овие два летни хита ветуваат повеќе, а како звучат можете да слушнете во продолжение.

 

Аудио верзија на „Bailando“ на англиски јазик

 

Видео запис за „Bailando“ на шпански јазик

 



Врати се горе ↑