Аудио 1452161_384713544996223_1807457675_n

23 декември, 2013

„Саунд месинџерс“ Ви ги честитаат празниците со „Last Christmas“

Како што се наближува крајот на годината, а со тоа и новогодишните и божиќните празници, пристигна првата празнична честитка од нашата музичка сцена. Станува збор за одличната верзија на познатиот хит „Last Christmas“, кој во далечната 1984 година го претстави британското поп дуо Wham!, предводено од познатиот музичар Џорџ Мајкл. Оваа песна во изминатите децении стана една од најпознатите божиќни теми и е речиси невозможно да не е дел од празничната програма на сите музички медиуми ширум светот.

Со текот на времето, оваа тема е препеана од голем број музичари, а најновата верзија пристигна деновиве и тоа токму од Македонија. Со нивната преработка на овој мегахит, „Саунд месинџерс“ Ви ги честитаат претстојните празници, а како звучи новата верзија на „Last Christmas“ отпеана од Симона Попоска можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑