Македонија 10391418_10203274965369498_655653740731696406_n

25 јули, 2014

„Саунд месинџерс“ подготвуваат нов хит со Панчо од ДНК

По „Chains Around My Heart“ и ремиксот на макфестовската „Како да заборавам“ на Симона Попоска„Саунд месинџерс“ наскоро ќе го претстават својот нов летен хит насловен „Endless Love“, овој пат во соработка со колегата од дуото ДНК, Панчо. И покрај преполните распореди со настапи ширум Македонија, познатите музичари наоѓаат време за правење нова музика, а сите оние кои сакаат да уживаат со одличните забави на Ерик Фокс и Симона, дуото вечерва ќе настапи во кафе „Синема“ во Крива Паланка, утревечер (26 јули) во кафе „ПР“ во Струмица, а во недела ќе бидат дел од летниот фестивал во Пробиштип.

ДНК, пак, летото го започнаа со новиот хит сингл „Она е од Шутка“, а при крај се подготовките за нивниот голем концерт во Охрид, каде што во придружба со бенд во живо ќе го промовираат материјалот од албумот „Срце“Настанот со почеток од 22.30 часот ќе се одржи на 27 јули (недела) на плажата „Кадмо“.



Врати се горе ↑