Македонија snimanje pesna

12 јули, 2014

„Саунд месинџерс“ на снимање на новиот летен хит

Сè попопуларните „Саунд месинџерс“ работат непрекинато во текот на летото, како со многубројните настапи насекаде низ републикатата, така и во студио на снимање на новите песни. Во средата веќе се снимаше  новата  песна на Симона Попоска на  македонски јазик, а веќе наредниот ден и новиот летен хит на „Саунд месинџерс“.

За тоа како си поминале за време на снимањето можете да видите од нивното селфи направено завчера во доцните часови (фотографија горе). Како што вели познатиот диџеј и продуцент Ерик Фокс, под  самата фотографија „JUST RB STUDIOВо четврток некаде во доцните саати,хахаххаха…

Новата песна ќе е биде објавена заедно со видео запис, кој ќе се снима наскоро. Паралелно со снимањето, The Sound Messengers се активни и по летните дискотеки и клубови каде се букирани за цел јули и август, како и со настапи на многубројните фестивали како летните фестивали во Пробиштип, Струмица, „Пиво Фест“ во Прилеп и други. Во продолжение уживајте со нивниот последен хит „Chains Around My Heart“.

 


Врати се горе ↑