„The Pink Print“ на Ники Минаж ќе пристигне во ноември
Долгоочекуваниот трет студиски албум на популарната раперка со потекло од Тринидад и Тобаго, Оника Мараж, позната како Ники Минаж, изданието насловен „The Pink Print“ би требало да пристигне на 28 ноември. Сè уште не е објавен списокот со песни, но се претпоставува дека на изданието ќе се најдат темите кои Минаж веќе ги објави како серија на синглови во текот на оваа година: „Yasss Bish!“ во која гостува Соулџа Бој, „Pills N Potions“ и актуелниот хит „Аnaconda“. Потврдени продуценти кои работат на новиот материјал се Д-р Лук, Полоу да Дон, Да Интернз, Сиркат и Дитеил.
Насловот „The Pink Print“ е директна алузија на албумот „The Blue Print“ од Џеј Зи, а ќе излезе како трето студиско издание за раперката. Нејзиниот деби албум „Pink Friday“ беше претставен во 2010 година, додека во 2012 година Минаж го објави албумот „Pink Friday: Roman Reloaded“. Покрај самостојните материјали, Минаж во моментов е актуелна и со соработките со Џеси Џеј и Аријана Гранде за хитот „Bang Bang“, со кој го отворија доделувањето на МTV VMA 2014, како и „She Came To Give It To You“ на Ашер.