„Д хаундс“ најавуваат нова песна
Прилепскиот состав „Д хаундс“ (The Hounds) покрај преполниот календар со настапи низ Македонија, наоѓаат време и за подготовка на нивната нова песна, чија музика и текст ќе ги потпишат Весна Малинова и Кирил Бабамов. Бендот е активен од 2009 година, а до сега позади себе има повеќе песни, соработки, како и видео записи.
Пред крајот на минатата година, бендот заедно со Тони Зен ни посакаа „Среќна Нова“, а додека ја очекуваме новата песна, да се потсетиме на одличната соработка со Зоки, Дадо и диџеј Mamlyoo, песната „АЛО“, чиј текст повторно го потпишува Весна Малинова, а музиката е од самите членови на бендот.
фејсбук страница на The Hounds
Фото: Александар Буневски