21 декември, 2013

„Бекдор бенд“ продолжуваат со „Лоша навика“

По првенчето „На задна врата“ и „Truck & Roll“, охридскиот рок состав „Бекдор бенд“ оваа 2013 година ја заокружува со уште еден сингл и видео запис. Станува збор за темата насловена „Лоша навика“, потпишана од членовите на бендот, Лазе Фармакоски и Жарко Јакимоски, како придружни вокали се јавуваат Ана Ѓикановиќ и Јована Шарац, а за миксот беше задолжен Срѓан Попов.

Оваа одлична рок тема доби и свое видео издание кое се снимаше во Охрид и Битола под режисерската палка на Пеце Настевски, а главните улоги ги имаат Мартина Дамевска, Тони Стаматов и Стефан Фармакоски. Видео записот беше промовиран синоќа во охридското кафуле „Ликвид“, а како изгледа и звучи „Лошата навика“ на охридските рокери можете да видите и слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑