Аудио

5 декември, 2018

„That’s The Way We Like It“ е новиот хит на Мартија

Мартија Станојковиќ периодов работи со полна пареа, а доказ за тоа се новите песни што речиси секој месец осамнуваат на нејзиниот канал на Јутјуб, па откако ни даде предизвик „За сите нас, деновиве ни кажа дека „Така сакаме“. Имено, талентираната кумановка ја објави својата нова песна насловена „That’s The Way We Like It“, која се роди како плод од соработката со американските автори Џеф Герити, Џош Глејзер, Алија Џејд и Ерл Коен, кои се потпишаа и на одличната „Next To Me“.

View this post on Instagram

hey

A post shared by Martija Stanojkovic (@martijastanojkovic) on

Станува збор за уште еден потенцијален хит од младата ѕвезда што дефинитивно ги зголемува веќе огромните шанси да се пробие на светската сцена. „That’s The Way We Like It“ засега стигна само во аудио-форма, а дали ќе биде заокружена со уште едно разиграно видео ќе дознаеме наскоро. Како звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑