Настани Untitled-2

20 март, 2014

Тери Френсис и Нејтан Колс оваа сабота во Експо Центар

Експо Центар Ви ги најавува, едни од најпосакуваните диџеи на лондонската сцена, луѓето кои својот хаус звук заедно со нивниот специфичен концепт на забави донесоа многу новини на светската андерграунд сцена, Нејтан Колс и Тери Френсис, оваа сабота (22.03.2014) во Експо Центар.

Како дел од прославата на нивниот 20-ти роденден, Вигл забавите доаѓаат и во Скопје на Вашиот омилен подиум. Нејтан Колс и Тери Френсис, како основачи на Вигл ќе Ви понудат неповторлива хаус забава за која во светските клубови се бара карта повеќе. Една недела пред нивната главна прослава која ќе се одржи на непозната локација во центарот на Лондон, основачите на Вигл забавите доаѓаат во Скопје со цел да го презентираат својот уникатен андерграунд хаус звук и да направат журка што долго ќе се памети.

Организаторот најавува еуфорична забава, која како домашна поддршка ги вклучува диџите на Антена 5 радио, Никифор и Ицко. Картите се продаваат на билетарата на Експо центар по цена од 200 денари.



Врати се горе ↑