Настани Terrence Parker

6 ноември, 2012

Теренс Паркер во Сектор 909

Овој петок, 9ти ноември во клубот Сектор 909 ќе гостува познатиот детроитски диџеј Теренс Паркер.
Ова е прв странски диџеј оваа зимска сезона во Сектор 909, а набрзо следуваат уште многу светски имиња кои ќе понудат добра музика и забава.

Во друштво на детроитските техно ѕвезди, Теренс Паркер е еден од ретките кој успеа да се издвои како продуцент, ремиксер и диџеј на класичниот звук на Detroit House музката.

Познат е како исклучителен техничар и скречер, а негов трејдмарк се неговите слушалки во облик на телефон. Од 1988 година досега има издадено преку 100 изданија за различни куќи, топ 20 хитови како “Love’s Got Me High”, “The Question” и албумот “Detroit After Dark”, и има ремиксувано артисти како Кели Роланд, Арон Акрл, Канје Веср, Кристина Агилера и Крис Браун меѓу другите.

Неговите претходни забави во Македонија се незаборавни а мал дел од атмосферата може да почувствувате на видеото од неговиот настап во Сектор 909.
Влезницата за забавата изнесува 250 денари. Журката започнува на полноќ  пред Теренс ќе настапи нашиот диџеј Александар Мискоски.

 



Врати се горе ↑