Настани 10363972_667789829966598_7739794969694782155_n

2 јуни, 2014

„Темпера“ специјални гости на Били Ајдол, на „Белград Колинг“ и „Скопје Гори“!

Групата „Темпера“ќе настапи на двата најголеми евенти ова лето во Белград и Скопје, информираат од Авалон продукција. На 25 јуни во Белград ќе се одржи фестивалот „Белград Колинг“ (Belgrade Calling), каде како хедлајнер ќе настапи Били Ајдол, а „Темпера“ и „Психомодо поп“ се специјални гости. Таа вечер ја отвара култниот српски бенд „Џа или Бу“.

После два дена на 27 јуни на Скопско кале, во рамките на фестивалот „Скопје Гори“, кој ќе го отвори новиот македонски прогресивен бенд „Протагонист“, „Темпера“  како специјални гости ќе го промовираат нивниот албум, а за крај вечерта ќе ја затвори неповторливиот Били Ајдол.

Влезниците за двата настани веќе се во продажба преку Евентим и Купи карти за сè.



Врати се горе ↑