13 декември, 2014

„Темпера“ со видео запис за „Коњаници“

Како загревање за претстојниот прв целовечерен коцерт во Скопје, супер групата Темпера деновиве го претстави видео записот за темата „Коњаници“, којашто е преработка на „Падот на Византија“. Бендот составен од врвни и искусни музичари во јуни годинава го објави својот деби албум „Играј!, издание кое доби мошне позитивни критики и кое претставува вистинско освежување на македонската рок сцена. Концертот е закажан за 20 декември во клубот „Станица 26“, а влезниците по цена од 300 денари можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè.



Врати се горе ↑