15 септември, 2017

„Темпера“ се враќаат моќно „Ко ѕвер“

„Ко ѕвер“ е насловот на новата песна од македонската супергрупа „Темпера“, која вчера беше промовирана заедно со видео изработено од младиот и надежен режисер Ханис Багашов. Станува збор за уште едно моќно парче од рок бендот, чии музика и аранжман се на самите членови, а стиховите ги потпишува вокалистката Тања Тас.

После минатогодишната „Тивка река“, „Ко ѕвер“ воедно е и втор сингл со кој групата го најавува наследникот на првенчето „Играј“ (2014), каде што беа сместени деби синглот „Пластични кули“, преработката на „Коњаници“, „Ветерот“ и уште седум други теми.

Во визуализацијата на новата песна главната улога ѝ припадна на Теа Пупкова, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете и слушнете горе. Уживајте!

темпера ко ѕвер



Врати се горе ↑