Промоции 940992_1110913642273787_6160541167561947356_n

21 март, 2016

„Темпера“ ќе го промовира видео записот за „Тивка река“

Утревечер, 22 март, со почеток од 20 часот во кафулето „Децата од нашата улица“, групата „Темпера“ ќе го промовира видео записот за најавниот сингл од нивниот нов албум. „Тивка река“, која веќе може да се слушне во радискиот етер, е песна за љубовта и потрагата по чувството на припадност, исполнетост и топлина која ја носи реализираната и возвратена љубов. Песната е авторско дело на „Темпера“, а текстот е на Тања Тас.Тивка река“ е снимена и продуцирана од Мите Димовски во студиото „Тра ла ла“ во Скопје, а видео записот, чиј концепт и режија е на режисерот Игор Иванов-Изи, го иззработи продуцентската куќа „ОХО“.



Врати се горе ↑