Аудио 12795351_1099905796707905_6743810951759537467_n

16 март, 2016

„Темпера“ го најавува новиот албум со „Тивка река“

По изданието Играј!, кое излезе под етикетата на „Авалон“ за Македонија и кое издавачката куќа „Далас“ го издаде за Србија и Хрватска, „Темпера“ со песната „Тивка река“ го најавува новиот албум кој би требало да се појави во првата половина на 2016 година.

„Тивка река“ е песна за љубовта и потрагата по чувството на припадност, исполнетост и топлина која ја носи реализираната и возвратена љубов. Песната е авторско дело на „Темпера“, а текстот е на Тања Тас.Тивка река“ е снимена и продуцирана од Мите Димовски во студиото „Тра ла ла“ во Скопје. За оваа песна е направен и видео запис чиј концепт и режија е на режисерот Игор Иванов-Изи. Изработен е од продуцентската куќа „ОХО“. Песната е во продукција на групата „Темпера“. „Темпера“ се: Тања Тас – вокал, Драган Гиновски-Гино – гитара, Мите Димовски – тапани и Џоле Максимовски – бас гитара.

Извор: Вистина.мк

Фотографија: Горан Атанасовски



Врати се горе ↑