Настани 1,1

15 август, 2014

Тематски забави во летниот клуб „Лолипоп“ во Куманово

Летниот клуб „Лолипоп“ е можеби единственото место во Македонија кое организира тематски забави. Оној кој минатиот викенд ја посети дискотеката во Куманово, беше сведок на првата „CO2“забава кај нас. Клубот беше преполн со гости кои се ладеа на -195 степени со течен азот кој излегуваше од специјална инсталација вградена во диското.

Така и овој викенд, кумановското диско се подготвува за „Tropical Party“, а „Лолипоп“ ќе биде декорирано со бели платна, лежалки, палми, бел песок, и сè што е потребно за атмосфера на тропски рај. Во петок со свој сет настапува диџеј Гоце Саф – мајсторот за хип-хоп и Р’н’Б забавите во Македонија, а во сабота во „Лолипоп“ ќе се слуша денс музиката на диџеј Цобе и диџеј Стефано, како загревање за престојниот фестивал во Аква паркот во Пробиштип. Во недела, традиционално во летниот клуб „Лолипоп“, следува уште една хип-хоп и Р’н’Б забава.

Доколку овој викенд сте или имате можност да бидете во Куманово, не ја пропуштајте викенд забавата во летниот клуб Лолипоп!



Врати се горе ↑