Македонија елена 2

5 октомври, 2017

„Текилата со лимон“ на Елена стигна во Русија, наскоро видео и за ремиксот

Неодамна објавеното видео за темата „Tequlla & Lemon“ од Елена Ристеска ја доживеа својата официјална премиера и во Русија, каде што синглот е објавен под капата на издавачката куќа „Ефектив рекордс“. Пејачката ја сподели веста на социјалните мрежи, воедно најавувајќи го и видеото за ремиксот од руските диџеи „Беверли Пилс“, кој беше и првата верзија што ја слушнавме на почетокот на летото.

елена

По македонската премиера, песната наиде на позитивни, но и негативни критики од публиката, а видеото на Јутјуб досега има собрано речиси 300.000 прегледи. Како и да е, за Елена ова е само уште еден чекор кон освојувањето на музичката сцена надвор од нашите граници, а ние ѝ посакуваме многу успех! Додека го очекуваме новото видео, уживајте со ремиксот на нејзината „Текила со лимон“.



Врати се горе ↑