28 август, 2017

Тејлор Свифт во новото видео се исмева себеси

Тејлор Свифт е можеби најпозната по тоа што своите искуства од љубовните и (не)пријателските врски ги преточува во песна, а токму таков е случајот и со нејзиниот повратнички сингл „Look What You Made Me Do“, со кој го најавува своето шесто студиско издание насловено „Reputation“, закажано за 10 ноември.

ts

Пејачката речиси секогаш знае да искористи пригоди како што се музички манифестации со пренос во живо, во чии рамки премиерно ги емитува своите нови видеа, па така и ова најновото први го погледнаа гледачите на вчерашното доделување на музичките награди за најдобри видеа на Ем-ти-ви, каде што ја освои наградата за најдобра соработка со Зејн за темата „I Don’t Want To Live Forever“ од филмот „50 нијанси помрачно“.

546637727

Интересно е тоа што со новото видео Свифт, всушност, се исмева себеси. Имено, таа се појавува во речиси сите карактеристични костими од претходните видеа и настапи, а на самиот почеток ја гледаме како зомби што излегува од својот гроб, додека на крајот сите верзии на Тејлор меѓусебно се исмеваат и навредуваат. Како што пишуваат американските медиуми, песната е наменета за Канје Вест и неговата сопруга Ким Кардашијан, како одговор за контроверзиите што следеа по видеото за „Famous“, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑