Свет ема 2017

6 октомври, 2017

Тејлор Свифт со најмногу номинации за европските музички награди на Ем-ти-ви

Ем-ти-ви денеска ги соопшти номинациите за претстојното доделување на своите европски музички награди, кое ќе се одржи на 12 ноември во арената „Вембли“ во Лондон. Веќе е познато и дека домаќинка на манифестацијата ќе биде британската ѕвезда Рита Ора, која воедно е и првиот потврден изведувач за вечерта, а во трка за најмногу статуетки е нејзината американска колешка Тејлор Свифт, која ќе се натпреварува во 6 категории. Веднаш за неа е Шон Мендес со 5 и Ед Ширан и Кендрик Ламар, со по 4 номинации.

Освен главните, беа соопштени и регионалните категории, меѓу кои и Најдобар изведувач од Балканот, но за жал, тука не се најде ниту едно македонско име. Ова е шести пат европските музички награди на Ем-ти-ви да се доделуваат во Велика Британија, а по втор пат во Лондон. Во наредниот период ќе бидат соопштувани и имињата на изведувачите што ќе настапат на претстојната манифестација, а списокот на номинирани Ве очекува во продолжение (гласањето се одвива на mtvema.com).

Најдобра песна

Rockabye“ – Клин бандит со Шон Пол и Ен-Мари
Wild Thoughts“ – диџеј Калид со Ријана и Брајсон Тилер
Shape of You“ – Ед Ширан
Despacito (Remix) – Луис Фонси со Деди Јенки и Џастин Бибер
There’s Nothing Holdin’ Me Back – Шон Мендес

Најдобар уметник

Аријана Гранде
Ед Ширан
Кендрик Ламар
Мајли Сајрус
Шон Мендес
Tејлор Свифт

Најдобар изглед

Дуа Липа
Хари Стајлс
Рита Ора
Тејлор Свифт
Зејн

Најдобар нов уметник

Дуа Липа
Џулија Мајклс
Калид
Кајл
Рег-ен-боун мен

Најдобар поп уметник

Камила Кабело
Деми Ловато
Мајли Сајрус
Шон Мендес
Tејлор Свифт

Најдобро видео

Фу фајтерс, Run
Кејти Пери и Мигос,Bon Appetit
Кендрик Ламар, Humble
Кајл и Лил Јахти, „iSpy
Тејлор Свифт, Look What You Made Me Do

Најдобар изведувач во живо

Бруно Марс
Колдплеј
Eд Ширан
Eминем
Ју-ту

Најдобар електро уметник

Келвин Харис
Дејвид Гета
Мејџор Лејзер
Мартин Гарикс
Чејнсмоукерс

Најдобар рок уметник

Колдплеј
Фу фајтерс
Ројал блад
Килерс
Ју-ту

Најдобар хип-хоп уметник

Дрејк
Eминем
Фјучр
Кендрик Ламар
Пост Малоун

Најдобар алтернативен уметник

Имеџин дрегонс
Лана Дел Реј
Лорд
Ексес
30 секндс ту Марс

Најголеми обожаватели

Аријана Гранде
Џастин Бибер
Kејти Пери
Шон Мендес
Tејлор Свифт

Најдобар уметник во подем

Хејли Стајнфелд
Џон Белион
Џулија Мајклс
Кејси Хил
Калид
Kајл
Ноа Сајрус
Петит Мелер
Рег-ен-боун мен
Сиза
Д хед енд д харт



Врати се горе ↑