Свет тс

7 април, 2017

Тејлор Свифт се врати во Нешвил за да работи на новиот албум

Тејлор Свифт, која честопати е присутна во медиумите заради конфликтите со бројни колеги (Канје Вест, Кејти Пери…), се вратила во Нешвил за да работи на новиот албум. Имајќи предвид дека таа се прослави токму како кантри музичарка, враќањето во кантри престолнината многумина го протолкуваа како враќање на нејзините корени.

Според американските медиуми, пејачката сè уште не знае во кој правец ќе се движи новиот материјал, кој ќе биде шесто по ред, студиско издание во нејзината кариера и ќе го наследи мошне успешниот „1989“ од 2014 година, а би требало да излезе кон крајот на годинава.

Последното што го слушнавме од Свифт беше дуетот со колегата Зејн за темата „I Don’t Want To Live Forever“, кој е дел од саундтрак изданието за второто продолжение од филмската трилогија „50 нијанси сиво“.



Врати се горе ↑