Видео

16 ноември, 2017

Тејлор Свифт ја претстави „New Year’s Day“

Откако го објави мошне очекуваниот албум „Reputation“, Тејлор Свифт започна со промоција на новиот материјал, гостувајќи во најпопуларните емисии во САД, меѓу кои и шоуто на Џими Фелон. Токму таму пејачката премиерно ја изведе темата „New Year’s Day“, која за разлика од претходните „одмазднички“ песни, во кои обожавателите со задоволство дешифрираа скриени пораки од својата миленичка, е мошне поедноставна и пооптимистична балада, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Свифт неодамна гостуваше и во култната „Сабота навечер во живо“ (Saturday Night Live), изведувајќи ги … Ready For It?“ и „Call It What You Want“, а сето тоа ве очекува во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑