Аудио

25 јули, 2019

Тејлор Свифт има нова романтична химна за Купидон

Тејлор Свифт продолжува да го промовира материјалот од претстојниот, седми по ред студиски албум „Lover“, закажан за 23 август, а најновиот „залак“ стигна во форма на романтична химна за Купидон, симболично насловена „The Archer“. Пејачката појасни дека не станува збор за нов сингл, туку само за своевиден приказ на поинаква страна од албумот, кој ќе содржи најмногу песни од сите претходни изданија досега.

„Стрелецот“ доаѓа по најавниот синглМe, отпеан во дует со колегата Брендон Јури и политичкиот „You Need To Calm Down“, чии екранизации се меѓу номинираните на претстојното доделување на музичките награди за најдобри видеа на Ем-ти-ви, каде што Свифт се натпреварува во 10 категории.



Врати се горе ↑