27 јануари, 2017

Тејлор Свифт и Зејн го екранизираа дуетот за „50 нијанси помрачно“

Американската пејачка Тејлор Свифт и нејзиниот британски колега Зејн Малик ги здружија силите за темата „I Don’t Wanna Live Forever“, која е дел од саундтракот за второто продолжение од еротската трилогија „50 нијанси сиво“.

Песната, чија екранизација беше претставена денеска, e прв сингл од изданието „50 нијанси помрачно“, каде што се сместени вкупно 19 теми, а ќе биде објавено на 10 февруари, истиот ден кога е закажана и премиерата на филмот.



Врати се горе ↑