Свет 942851_10153444347520748_2441670150530977699_n

8 февруари, 2016

Тејлор Свифт и Ријана ќе настапат на „Греми 2016“

Популарните американски пејачки Тејлор Свифт и Ријана, како и електронското дуо „Џек Ју“, составено од продуцентите Дипло и Скрилекс, се најновите имиња додадени на списокот со изведувачи што ќе настапат на претстојното 58. доделување на музичките награди Греми, кое ќе се одржи на 15 февуари во центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес. Тие им се придружуваат на претходно најавените колеги како што се Адел, Викенд, Лајонел Ричи, „Литл биг таун“, Кендрик ЛамарЕли Гоулдинг и Џејмс Беј, Тори Кели, Андра Деј, Сем Хант, Кери Андервуд, Џастин Бибер, ПитбулБони Рајт, Крис Стејплтон, Гери Кларк Јуниор, „Холивуд вемпајрс“ (Алис Купер, Џони Деп и Џо Пери), Робин Тик, Тревис Баркер, Лејди Гага и актерите од бродвејскиот мјузикл „Хамилтон“.

Убавицата од Барбадос, која зад себе има 24 номинации и 8 освоени награди, годинава не е номинирана во ниту една категорија, а најверојатно ќе изведе некоја од песните на неодамна објавениот албум „Anti“, кој го најави со актуелниот сингл „Work“, во кој гостува колегата Дрејк.

 

Тејлор Свифт, пак, која зад себе има 29 номинации и 7 освоени награди, а е и најмладиот добитник на наградата за албум на годината годинава е во трка за дури седум златни грамофони. Нејзиното издание „1989“, објавено на 27 октомври 2014 година, е номинирано во категориите Албум на годината и Најдобар поп вокален албум, хитот „Blank Space“ е во трка за Песна на годината, Снимка на годината и Најдобра поп соло изведба, а соработката со Кендрик Ламар, „Bad Blood“ доби две номинации во категориите Најдобра изведба од поп дуо или група и Најдобар музички видео запис.

Познатите продуценти Дипло и Скрилекс од 2013 година соработуваат под името „Џек Ју“, а во нивните песни гостувале бројни изведувачи како што се Кајза, Миси Елиот, Џастин Бибер и други. Сите овие песни ги сместија на првенчето „Skrillex and Diplo Present Jack Ü“, објавено на 27 февруари минатата година. Изданието годинава е номинирано во категоријата Најдобар денс/електронски албум, а соработката со Џастин Бибер, „Where Are Ü Now, за Најдобра денс снимка.

 



Врати се горе ↑