Свет taylor swift jennifer lopez

9 септември, 2013

Тејлор Свифт и Џенифер Лопез ќе снимат дует

Популарната кантри и поп пејачка Тејлор Свифт и латино дивата Џенифер Лопез ќе снимат заедничка песна, пренесуваат американските медиуми. Имено, пејачките ќе соработуваат за песна која ќе се најде на претстојниот осми студиски албум на Лопез, кој треба да излезе на почетокот на следната година. Сè уште не е познато за каков тип на песна станува збор, но ако се земе предвид големата популарност која ја уживаат двете ѕвезди, несомнено дека ќе биде хит.

Пејачките наводно го финализирале овој план откако Лопез гостуваше на последниот концерт од турнејата „Red“ на Свифт, кој се одржа на 25-ти август во Лос Анџелес и кадешто заедно го отпеаја хитот „Jenny From the Block“, а латино дивата изјавила: „Тејлор, многу ти благодарам што дозволи моето семејство да биде дел од твоето и што бев дел од оваа прекрасна вечер. Се чувствувам благословено што можев да ја делам сцената со тебе.“ 

Заедничкиот настап можете да го видите во продолжение.



Врати се горе ↑