Свет MTV-EMA-2012-Show-PSY

12 ноември, 2012

Тејлор Свифт и Џастин Бибер со најмногу награди на MTV EMA 2012

Синоќа се одржа спектакуларното шоу за доделувањето на Европските Музички Награди на музичкиот канал MTV. Настанот кој го водеше супермоделот Хајди Клум беше извонреден од почеток до крај, кулминирајќи со изведбата на мега хитот „Гангнам Стајл“ кога целата публика еуфорично танцуваше заедно со раперот Псај. Покрај јужно корејската сензација, на сцената во Франкфурт настапија и Алиша Киз, Килерс, ПитбулТејлор Свифт, Рита Ора, Карли Ре Џепсен, Фан, Ноу Даут и Мјус. 

Најмногу номинации во различни категории имаше Ријана (7 номинации), но не победи ниту во една. Победници со најмногу награди беа американските млади пејачи Тејлор Свифт и Џастин Бибер (беше отсутен заради други обврски) кои добија  по 3 награди и канадската пејачка Карли Ре Џепсен со 2.  Во продолжение погледнете го целосниот список на победници во сите категории.

MTV Светска икона: Витни Хјустон

WORLDWIDE ACT: Хан Генг

Најдобра песна: Карли Ре Џепсен – „Call Me Maybe“

Најдобар нов изведувач: Уан Дајрекшн (One Direction)

Најдобра изведувачка: Тејлор Свифт

Најдобар изведувач: Џастин Бибер

Најдобар поп изведувач: Џастин Бибер

Најдобар изведувач во живо: Тејлор Свифт

Најдобар хип хоп изведувач: Ники Минаж

Најдобар рок изведувач: Линкин Парк

Најдобар електронски изведувач: Дејвид гета

Најдобар алтернативен изведувач: Лана Дел Реј

Најдобар спот: Псај – „Гангнам Стајл“

Најдобар изглед: Тејлор Свифт

Најстраствени фанови: Уан Дајрекшн

Најдобар настап на светска сцена: Џастин Бибер

Најдобар PUSH изведувач: Карли Ре Џепсен

 



Врати се горе ↑