Видео

26 април, 2019

Тејлор Свифт го најави новиот албум со „Me!“

Ако „заштитен знак“ на последниот албум „Reputation“ беше змијата, Тејлор Свифт сега се трансформира во пеперутка, најавувајќи го сè уште неименуваното седмо студиско издание со синглот „Ме!“. Станува збор за уште една разиграна поп-песна од 29-годишната кант-авторка, која овој пат запеа во дует со колегата Брендон Јури, вокалистот на групата „Пеник ет д диско“, а сето тоа е заокружено со живописна визуализација како пастелна бајка.

Некогашната кантри-ѕвезда ги прикажува и своите актерски способности, кои уште повеќе ќе дојдат до израз во декември годинава, на премиерата на филмската адаптација на мјузиклот „Мачки“ од Ендру Лојд Вебер, каде што Тејлор ја игра улогата на Бомбалурина, а покрај неа ќе ги видиме и Џенифер Хадсон, Џејмс Корден, Ребел Вилсон, Џејсон Деруло, Идриз Елба, Ијан Мекелен, Џуди Денч и други.

Како што споменавме, „Me!“ е воведен сингл од новиот албум на Свифт, за кој сè уште не се познати многу детали, освен дека е прво издание за етикетата „Рипаблик рекордс“, со која потпиша договор откако помина 12 години со „Биг машин рекордс“. Додека очекуваме повеќе детали за новото поглавје во кариерата на Тејлор Свифт, уживајте со најновото од неа – „Me!“!



Врати се горе ↑