17 јануари, 2018

Тејлор Свифт, Ед Ширан и Фјучр на интернационална авантура во „End Game“

После одличните екранизации за „Look What You Made Me Do“ и „… Ready For It“, Тејлор Свифт деновиве го објави видеото за третиот сингл од албумот „Reputation“. Станува збор за интересна соработка со колегите Ед Ширан и Фјучр, кои се забавуваат во едни од најпознатите градови ширум светот, како што се Токио, Мајами и Лондон. Свифт и овојпат соработуваше со режисерот Џозеф Кан, а како изгледа и звучи „End Game“ дознајте горе.

Како што пишуваат американските медиуми, песната не е баш најдобрата од албумот, но присуството на Ширан и Фјучр можат да придонесат за зголемување на популарноста. Додека самиот албум се продава одлично, ниту еден од сингловите засега не оставил некој поголем впечаток, а дали „End Game“ ќе го промени тоа ќе дознаеме во периодот што следува.



Врати се горе ↑