Свет 324930-take-that

15 јануари, 2013

Тејк Дет на врвот на „Reunion Top 10“ листата

Британскиот бенд Тејк Дет кој по подолга пауза повторно се собра во 2005 година, се наоѓа на врвот на листата „Reunion Top 10“, пишува магазинот NME. Наводно, бендот може да се пофали со заработка од 130 милиони фунти. На оваа листа се најдоа и Блур и Д Стоун Роузис, како бендови кои повторно се собраа во последните неколку години.

Големата заработка која ја направија двата бенда дава некои практично конкретни идеи зошто бројни бендови се решаваат повторно да се вратат на сцена по повеќегодишни паузи. Според проценките, Блур заработиле 15 милиони фунти од првото враќање во 2009 година, а минатогодишното реформирање на Д Стоун Роузис, на бендот од Манчестер, практично во истиот момент, му донесе заработка од 12 милиони фунти. Меѓутоа, како што пишува магазинот The Sun, овие бендови и тоа како заостануваат позади колегите од Тејк Дет, кои со турнеите и успешните албуми со нови материјали заработиле дури 130 милиони фунти од повторното „регистрирање“ во 2005 година.

На листата се најдоа и Спајс Грлс со заработка од 25 милиони фунти, како и Степс со 10 милиони, а тука се и Меднес, Симпл Мајндс, Секс Пистолс, Палп и Хепи Мандејс. Во продолжение погледнете ја листата од топ 10 најбогати „реформирани“ бендови (заработката е во британски фунти):

1. Take That – 130 милиони

2. Spice Girls – 25 милиони

3. Blur – 15 милиони

4. The Stone Roses – 12 милиони

5. Steps – 10 милиони

6. Madness – 5 милиони

7. Simple Minds – 3 милиони

8. Sex Pistols – 2,5 милиони

9. Pulp – 1,5 милиони

10. Happy Mondays – 750 000

 

Извор: NME/MTV



Врати се горе ↑