Свет Take-That

19 јануари, 2015

„Тејк дет“ ќе настапат на британските музички награди

Покрај веќе најавените Тејлор Свифт, Ед Ширан, Сем Смит, Палома Фејт, Џорџ Езра и „Ројал блад“, на доделувањето на британските музички награди ќе настапи и „Тејк дет“. Групата, која минатата година стана трио и го објави својот седми студиски албум „III“, најавен со со сингловите „These Days“ и „Get Ready For It“, на оваа манифестација ќе настапи по шести пат.

35. доделување на британските музички награди, односно „БРИТ награди“ ќе се одржи на 25 февруари во арената „О2“ во Лондон, а на номинациите во сите категории можете да се потсетите овде. Во рамките на специјалната емисија по повод објавувањето на номинациите настапија и дел од номинираните уметници, а изведбата на добитникот на наградата „Избор на критиката“ – Џејмс Беј, како и на Џеси Вер, „Клин бандит“ со Џес Глин и Еф-кеј-еј твигс можете да ги погледнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑