Аудио 10650036_10152770096459919_5282612367185220879_n

13 октомври, 2014

„Тејк дет“ го најавија новиот албум со „These Days“

И покрај неодамнешната загуба на уште еден член, британската група „Тејк дет“ продолжува со работа како трио, па како прв „залак“ од претстојниот албум „III“ деновиве беше претставена темата „These Days“. Ова ќе биде прв албум на бендот на кој нема да учествува Џејсон Оринџ, а за новото издание Гери Барлоу вели: „Веќе две години им ветуваме на фановите дека ’ќе стигне новиот албум’… На почетокот на годинава рековме дека мораме да започнеме со снимање веднаш. И чекавме до последен момент, па сега мораме да привршуваме со работата и одлуката падна. Сакаме да продолжиме понатаму како трио.“

„These Days“ можете да ја слушнете во продолжение.

„III“ ќе биде седмо студиско издание за групата и ќе пристигне на 1 декември, а ќе изгледа вака:

 

 



Врати се горе ↑