Настани JeffMills

25 април, 2013

Техно на ЕГЗИТ ДЕНС АРЕНА

ЕГЗИТ со гродост ги претставува настапите на тројцата визионери на електронската музика кои со својата работа ги поместуваат границите на техно жанрот. Диџеите и продуценти Џеф Милс (Jeff Mills), Метју Џонсон (Mathew Jonson) и Грегор Трешер (Gregor Tresher), покрај веќе потврдените Пан-Пот (Pan-Pot) и Матадор Лајв (Matador Live), за време на своите настапи на Денс Арена ќе и ја претстават на публиката историјата и бескомпромисната сила на техно звукот.

Џеф Милс (Jeff Mills) на Денс Арената ќе ја донесе својата неповторлива техника на микс и стил кој во голема мера влијаеше на развојот на комплетното техно движење. Овој диџеј, продуцент, музичар, фотограф, режисер и, пред сѐ, уметник не се скротува ни после повеќе од дваесет години на сцената. Успехот на двигателот на детроитската техно школа, основачот на најпознатата урбана музичка организација „Андерграунд Резистенс“ (Underground Resistance) и носителот на титулата Витез на Уметноста на Франција лежи во константната иновација: „Никогаш не сум бил личност која се држи за минатото. Кога ги напуштив Детрот и ‘Андерграунд Резистенс’, ги оставив засекогаш. Тоа можеби не беше добра работа, но ми помогна во создавање на нови идеи“. Милс е еден од најпродуктивните творци на техно жанрот со повеќе од дваесет албуми и повеќе од стотина други изданија. Истражувајќи ги границите, тој ја постави техно музиката во несекојдневно опкружување, користејќи ја како подлога за немиот филм на Фритц Ланг (Fritz Lang) „Метрополис“ од 1927 година и како придружба на симфониски оркестар. Тој е еден од првите диџеи кои почнаа да ја користат техниката за микс на музика на три грамофони, па користењето на повеќе од 70 различни плочи во тек на еден час на неговите настапи им дава изразена динамика.

 

Канадскиот продуцент Метју Џонсон (Mathew Jonson), како и Милс, фигурира како претставник на школата на слободни мисли на техно музиката. Неоптеретен со трендовите, Џонсон создаде свој карактеристичен стил комбинирајќи ја аналогната технологија со драматичните тонови. Нумерите на овој мајстор за атмосфера се дел од каталогот на престижните етикети Компакт (Kompakt), Суб Статик (Sub Static) и М_нус (M_nus). По Берлин, Мајами, Ибица и Токио, Метју Џонсон и на публиката на Денс Арена ќе и го претстави своето гледање на техно музиката преку спектакуларен лајв настап.

Патувањето низ историјата на техно музиката ќе го комплетира Грегор Трешер (Gregor Tresher), германскиот продуцент, кој пред публиката на Денс Арена истотака ќе се претстави со лајв настап. Неговата музика проткаена со длабоки бас линии и силни влијанија на електро музиката од 80тите години лесно го најде патот до широката публика, па во 2008 година неговата песна „A Thousand Nights“ беше најпродаваната техно нумера на интернет. Додека издавачките куќи Драмкод (Drumcode) и Овум (Ovum) го опишуваат како бескомпромисен, сигурно е дека за време на својот премиерен настап на ЕГЗИТ ќе и го покаже на публиката најдоброто од својот техно арсенал.

Актуелното и барано берлинско дуо од етикетата ‘Мобилее рекордс’ („Mobilee records“), Пан-Пот (Pan-Pot), ќе ја воодушеви публиката со својот карактеристичен звук, додека Матадор (Matador) со својот лајв настап го потврди статусот на еден од најперспективните имиња на техно сцената.

Покрај најновите изведувачи кои ќе настапат на Денс Арената, ѕвездите кои веќе го потврдија своето доаѓање на ЕГЗИТ 2013 се: Atoms For Peace, Bloc Party, CeeLo Green, Fatboy Slim, Snoop Dogg aka Snoop Lion, Chase & Status DJ set & Rage, Diplo, DJ Fresh live, Dubfire, Eric Prydz, Rudimental live, SBTRKT, Seth Troxler, Ана Поповиќ и многу други.

Актуелната цена со 50% попуст за петдневните влезници за претстојниот Егзит фестивал изнесува 3580 денари, а ЕГЗИТ фановите во Македонија имаат можност и за специјалната понуда со ЕГЗИТ пакетот, кој за цена од 6.150 денари вклучува фестивалска влезница, камп простор и автобуски превоз. Влезниците за ЕГЗИТ во Македонија можат да се купат во продажната мрежа на МКтикетс (Југотон – ТГЦ, прв кат).



Врати се горе ↑