Свет amy_winehouse_5-1024

26 октомври, 2012

Театарска претстава за Ејми Вајнхаус

Во подготовка е театарска претстава за трагично починатата британска пејачка Ејми Вајнхаус. Претставата е со  едноставен наслов „Ејми“ и ќе биде претставена следната година во Данска. Темата која ја обработува овој проект е животот на Вајнхаус – нејзината кариера, искачувањето на врвот на славата, несреќните љубовни врски, проблемите со дрогата и алкохолот. Претставата ја подготвува театарската трупа Danish Royal Theatre, која во својата најава истакна дека акцентот ќе биде ставен на „енормниот притисок што го вршеше ’сензационалистичката јавност’ врз младата пејачка кога се соочила со проблемите.“ Претставата ја направи група од 11 луѓе собрани под името „Det roede rum“, а сценариото на некој начин го напиша самата пејачка, т.е. приказната е составена од материјалите од нејзините концерти, интервјуа, прес конференции и телевизиски гостувања.

„Ејми“ ќе биде премиерно прикажана во Копенхаген, Данска на 20ти јануари 2013 година.

 

 



Врати се горе ↑