Македонија

14 март, 2019

Теа ќе ја екранизира насловната тема од деби-албумот „Која сум јас“

За 18 март е најавена промоцијата на новото видео на Теа Трајковска, која овој пат се одлучи да ја екранизира токму насловната тема од нејзиниот деби-албум „Која сум јас“, претставен во декември минатата година. Пејачката веќе сподели неколку фотографии од снимањето на новото видео, кое во целост ќе го видиме в понеделник.

View this post on Instagram

coming up…….

A post shared by Thea Trajkovska (@theatrajkovska) on

View this post on Instagram

ready? 🔜 #KojaSumJas

A post shared by Thea Trajkovska (@theatrajkovska) on

 

Како и на речиси сите 10 песни од албумот, така и на оваа песна автор на музиката, аранжманот и продукцијата е Лазар Цветкоски, а стиховите си ги потпишува самата Теа. Додека ја очекуваме новата екраницазија, како звучи „Која сум јас“ потсетете се во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑