Теа ја објави „Доста глумиме“ и на интернет
По неколкумесечното освојување на радио етерот низ Македонија, а на барање на сите оние кои сакаа, а не можеа да ја слушнат надвор од топ листите, најновото од Tea (Thea), „Доста глумиме”, денес и официјално се појавува во интернет просторот. Музиката и аранжманот за песната се дело на Лазар Цветкоски, а текстот го напишаа Теа и Магдалена Цветкоска Ена.
Ова е воедно и најава за појавувањето на „Доста глумиме” на „МАРС 2015“, како една од највртените песни за 2015 година.