6 март, 2017

Теа и Панчо зад себе оставија само „Рушевини“

Младата и атрактивна пејачка Теа оствари соработка со Панчо од ДНК за својата најнова песна  „Рушевини“. Се чини дека нејзиното време допрва доаѓа. По дипломирањето на Музичката академија, Теа одлучи комплетно да и се посвети на музичката кариера.

По Ехо, „Доста глумиме“, „Можеш ли без менеиМи треба малку време“, следи одличната  „Рушевини“, за која се снимаше и спот во соработка со „Томато продукција“. Текстот на песната е на Теа и Панчо, а музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски. Ова е прва соработка меѓу Теа и Панчо а резултатот останува да го слушнете самите.

Со „Рушевини“, Теа го најавува и својот прв албум кој треба да излезе оваа година. Спотот беше сниман во студиото на „Томато продукција“, а Теа и Панчо одлично се забавуваа за време на снимањето во опуштена и релаксирана атмосфера. За спотот Теа соработуваше со дизајнерскиот бренд Мустела Ермин и со Дарко Петковски, а Панчо носеше модели на Jack & Jones.



Врати се горе ↑