Македонија теа панчо

7 февруари, 2017

Теа и Панчо се подготвуваат за „Рушевини“

Рушевини“ е насловот на новиот сингл на Теодора Трајковска, или само Теа, кој наскоро ќе биде претставен пред македонската публика заедно со видео запис. За оваа нова песна, пејачката ги здружи силите со својот колега Панчо, со кого се запознала преку заедничкиот продуцент Лазар Цветкоски.

„Со Панчо се запознавме во студио кај Лазар, Панчо случајно ја слушна песната што ја подготвувавме, му се допадна и изрази желба да биде дел од неа. Јас со задоволство прифатив да соработуваме, со музиката на Панчо сум порасната и сум голем фан на она што го работи. Видеото го снимивме деновиве со ’Томато продукција’, во него симболично е прикажан текстот кој е мое дело и се надевам дека на публиката ќе и се допадне она што го сработивме“, откри Теа за „Вечер“.

Новата песна воедно е и вовед во нејзиното долгоочекувано првенче, најавено со минатогодишниот сингл „Можеш ли без мене“, а додека ја очекуваме соработката на Теа и Панчо, погледнете каква атмосфера имаше зад овие „Рушевини“.

теа1

16298504_10154318273360840_2338536248436584680_n 16473172_10154325718735840_6467637223747486412_n



Врати се горе ↑