Видео

7 декември, 2018

Теа го промовираше деби-албумот „Која сум јас“

„Која сум јас“ е насловот на првиот албум на Теа Трајковска, кој младата пејачка го промовираше вчера. Долгоочекуваното издание содржи вкупно 10 песни, чиј автор е хитмејкерот Лазар Цветкоски, со кого Теа соработува од самиот почеток на нејзината кариера, како и неговата сестра Магдалена Цветкоска – Ена, која ги напиша стиховите за дел од песните.

„Целиот албум е доста биографско парче бидејќи повеќето текстови се мои. Долго време го подготвував и навистина е опфатен еден добар дел од мојот живот и тоа како сум созревала како уметник, така што едвај чекав да го затворам ова поглавје“, рече Теа на вчерашната промоција.

Фотографија на Thea.

„Веќе 5-6 години работиме и мислам дека имаме добар албум и навистина сум задоволен од сработеното. Теа е специфичен лик што има некоја своја различна нота и сето тоа ме мотивира да работам. Ние, сепак, црпиме инспирација од изведувачите“, додаде Цветкоски.

Покрај новиот албум, Теа промовираше уште една нова песна и видеото за неа. Станува збор за темата насловена „Кога најдобро те познавам“, чии стихови си ги напиша самата, а музиката, аранжманот и продукцијата се на Лазар Цветкоски, додека видеото го реализираше продукцијата „Томато“.



Врати се горе ↑