28 мај, 2015

Теа го претстави своето „Ехо“

По минатогодишниот мошне успешен хит „Ми треба малку време“, кој долго време не се симна од топ листите на сите радио станици, Теа го преставува својот нов проект насловен „Ехо“! Младата пејачка останува доследна на различниот модерен звук по кој стана препознатлива.

Се надевам дека и слушателите ќе ја доживеат оваа песна исто како што ја доживувам јас.  Во неа има голем дел од мене, таа е слика на мојот музички лик и карактер. Јас и мојот тим (Лазар Цветкоски и Милан Миланов) уживавме додека ја создававме”, вели Теа.

Видео записот е работен со продукцијата „Горила филм“. За кореографијата се погрижи Адријана Данчевска, а за нејзината приказна да биде вака раскажана, покрај Теа се појавува и танчерот Јакуб Мунко. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑