Аудио

19 октомври, 2017

Теа го откри својот „Пекол“

Откако со Панчо зад себе остави само „Рушевини“, Теодора Трајковска, или само Теа, сега го откри и својот „Пекол“. Уште при првото слушање може да се заклучи дека станува збор за хит, чии стихови ги напишаа самата Теа и нејзината колешка Магдалена Цветкоска – Ена, а музиката, аранжманот и продукцијата се на хитмејкерот Лазар Цветкоски.

22491927_1935749243314417_6377753017703526247_n

„’Пекол’ ја имаме веќе две години, ама изгледа дека требаше да завршат пеколните денови за да излезе во интернет просторот“, напиша пејачката споделувајќи ја новата песна, која стигна заедно со текстуално видео што го изработи Дарко Видановски, а на фотографиите стои потписот на Ладислав Кинг. Како изгледа и звучи новиот „Пекол“ на Теа можете да видите и слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑