Македонија tavitjan-brothers

31 март, 2013

„Тавитјан Брадрс Трио“ заминуваат на светска турнеја

За македонскиот состав Тавитјан брадерс трио периодов ќе биде исполнет со концертни активности на три континенти – Европа, Австралија и Америка. Браќата Гаро и Диран Тавитјан и басистот Горан Гешовски на 15-ти април ќе заминат за Србија, каде што ќе настапат во неколку помали градови, а на крајот во Белград. Во рамките на втората фаза од големата турнеја ќе заминат за Хрватска, каде што ќе посетат три места на полуостровот Истра, а потоа ќе имаат концерт во Загреб. На ред се: Естонија, Германија и Швајцарија, а потоа музичарите ќе ја преселат својата музика на друг континент. Во план е да свират низ Америка, а серијата на настапи ќе биде крунисана со концерт во Њујорк. Се планира материјалот на „Тавитјан брадерс трио“ да се слушне и во пет града во Австралија, а на крајот од годината ќе имаат свирка во Ерменија.

Гаро Тавитјан за Дневник вели дека наскоро сите датуми и детали за концертите ќе бидат објавени на неговата интернет-страница, а во подготовка е и трет дел од „Македонското срце чука во 7/8“. Повеќе детали почитајте на следниот линк.



Врати се горе ↑