Македонија

7 март, 2019

Таткото на Влатко Илиевски открива: „Славејчињата“ кои направија песна за Влатче биле одбиени да ја испеат на „Златна бубамара“?

„Недостигаш“ е насловот на песната која Елена Георгиевска, Матеа Илиева, Викторија Ефтимова и Анастасија Илиевска, кои се членки на хорот „Златно славејче“, ја напишаа и снимија со посвета на нивниот пријател и идол кој долго време беше водител на фестивалот –  прерано починатиот пејач и актер Влатко Илиевски.

Песната освен на интернет каналот Јутјуб, се најде и на неколку домашни портали.

Секогаш твоето име ќе го величиме и засекогаш ќе остане врежано во нашите срца. Со тебе пораснавме, се дружевме, а сега те нема… Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен!“, напишаа девојчињата во описот на објавената снимка.

Благодароност до девојчињата кои не го заборавија Влатче изрази и неговиот татко Драган Илиевски –Вршац, кој меѓу другото откри една шокантна информација – токму оваа песна била одбиена за изведба на неодамна одржаната „Златна бубамара“, со образложение дека не се вклопува во сценариото!

„Овие прекрасни девојчиња кои од љубов детска искрена ја снимија песната сакајќи да ја испеат на ’Бубамара’ биле одбиени со образложение дека не се вклопува во сценариото. Морав ова да го објавам, а на Вас почитувани го оставам коментарот“, пишува таткото на Влатко.

Коментарите под објавата не изостанаа, а дел од фановите на починатиот пејач пишуваат:

„Даваат внимание на пејачи од екс – Ју, нам на повеќето непознати, а нашите се запоставуваат- срамота! Влатко ќе биде секогаш во нашите срца.

Се избрукаа за сите пари… Влатко ќе живее во нашите срца“, пишува во дел од коментарите.

До таткото на Илиевски се обратија и родителите на девојчињата кои ја создадоа песната и на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук објавија благодарност за тоа што ги поддржал да ја снимаат и сподалат со јавноста песната „Недостигаш“.

„Најогромно благодарам за Вас, Драган Илиевски Вршац за максималната поддршка што им ја дадовте на нашите деца оваа песна да ја споделат со јавноста и да ги користат сликите од Влатче. Тој засекогаш ќе остане во нашите срца“, гласи коментарот на еден родител.

„Благодарам и од мене почитуван. Јас како родител на учесник во песната се гордеам бидејќи оваа храброст е реткост“, пишува друг родител.

Инаку, на 22. „Златна бубамара“, македонскиот шоумен Игор Џамбазов ја потсети публиката на оние кои ја напуштија животната сцена во 2018 година, а меѓу починатите Ванчо Петрушевски, Мите Грозданов и Горан Стефановски, не беше заборавен ниту Влатко Илиевски… Но, за „Славејчињата“ и нивната песна за Влатче, за жал, немаше место во „гнездото“… на „Бубамара“!

Каква песна му посветија златните славејчиња на Влатко Илиевски дознајте во продолжение. Уживајте!

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑