Свет Amy_Winehouse

13 септември, 2013

Таткото на Ејми Вајнхаус открил необјавена песна

Таткото на трагично починатата британска пејачка Ејми Вајнхаус, Мич Вајнхаус открил необјавена песна која не ја слушнал никој до сега. Имено, додека го подготвувале албумот за добротворни цели, Мич и уште еден човек во студиото притиснале копче од некои стари снимки и случајно ја слушнале прекрасната песна. Оваа вест ја споделил на вчерашната изложба во чест на роденденот на неговата ќерка, која утре би наполнала 30 години.

По нејзината смрт во 2011 година, беше објавен албум со неиздадени песни насловен „Lioness: Hidden Treasures“, но не е познато дали и кога ќе биде објавена оваа новооткриена песна.

 

 



Врати се горе ↑